Конечно убави вести: Во Битола ќе се гради најголемиот аеродром

Првите луѓе во власта заедно со инвеститорот од Ку Ми Ли, денеска удрија камен темелник близу веќе изградениот автопат Ресен - Битола, каде ќе биде изграден аеродром кој ќе биде најголем на Балканот..

Инвестицијата пред се е со цел да не се гужваат младите кога си заминуваат од земјава на скопскиот и охридскиот регион, а детектиравме дека токму од Пелагонискиот регион си заминале дури 60 отсто од младите, а својата намера за заминување по нашата голема победа ќе ја остварат најверојатно и останатите кои одат и работаат бо белосветските фабрики, а парите ги враќаат тука во нашата историска и библиска Македонија, рече прецедникот на владата.

Во аеродромот ќе се вработат 120 експерти кои ќе стигнат од Словенија и ќе ни помогнат да имаме супер услуга на овој аеродром, велат со широка насмевка на лицето, од организацијата за летање при Македонија и регионот на Битола, а пилотите се очекува да бидат од Арачиново и Кумановскиот регион.

Летовите промотивно ќе се движат од 1 евро за лет па нагоре, во зависност дали лицето има некакви намери за иселување или од какво семејство потекнува.
Особени придобивки ќе има за оние студенти кои имаат расчистено трета година факултет.

Тие ќе добијат и бесплатен ваучер за сендвичи во гудоналс, користење на спа услугите во аеродромите (туширање), како и многу други придобивки, како на пример кикиритки, сокче со цевка итн.

Доколку Рек Битола трајно престане со работа, аеродромот во Битола ќе биде перфектно место за слетување и полетување на авионите, бидејќи нема да има магла.

Инвеститорот е по потекло од Северна Кореја.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top