Косата повторно ми расте, а лицето ми изгледа 10 години помладо - рецепт за кофеинско масло

Ова кофеинско масло ја подобрува циркулацијата, го забрзува растот на косата и го спречува нејзиното опаѓање. Истовремено, на косата и дава сјај и цврстина..

Исто така, делува антиоксидативно, спречува стареење, ги осветлува и намалува дамките на кожата, ги пегла ситните брчки и ги отстранува подочниците, стриите и целулитот.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 мл бадемово масло (од аптека)
150 г мелено кафе (околу 10 супени лажици)
1 стаклена тегла
газа или памучна крпа

ПОСТАПКА:

Во теглата ставете го го меленото кафе, прелијте го со бадемовото масло и добро промешајте за да се изедначи. Теглата затворете ја и оставете на топло или сончево место да отстои 14 дена.

Секој ден теглата протресувајте ја по неколку пати за да може да се активира кафето.

После две седмици процедете го кафето низ газа или памучна крпа, па лековитото масло може да се употребува.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top