Кутињо замина од Ливерпул, но од Барса тешко - страшна клаузула во договорот

Сигурно дека фановите на Барселона ќе го празнуваат денешниот ден, пред се поради доаѓањето на бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо од Ливерпул..

Трансферот на Бразилецот ќе биде тежок преку 160 милиони евра, но уште поинтересно е тоа што е заведено во неговиот договор со Каталонците.

Тој во иднина ќе може да ја напушти Барселона, но само доколку некој од тимовите исплати запрепастувачки 400 милиони ева обештетување.

Како се движат цифрите во трансферите во фудбалот, не треба да не изненади доколку и до таа бројка се дојде за неколку сезони, но сепак, тие цифри засега остануваат недостижни дури и за најдобро стоечките екипи во Европа.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top