Лабуристичка партија на Западна Австралија бара Австралија да ја признае Македонија под уставното име

Австралиската Лабуристичка партија во западна Австралија донесе заклучок со кој бара од Австралија да ја признае Македонија под името Република Македонија.

Австралиската Лабуристичка партија во Западна Австралија одржа конференција во Перт, Западна Австралија, а  резолуцијата беше усвоена како дел од партиската платформа во Западна Австралија за следните 3 години.

На конференцијата беше истакнат извонредниот придонес на македонската заедница во западно-австралиското и австралиското општество во целост. 

На конференцијата беше потенцирано дека Австралија е една од ретките земји во светот која сè уште го користи терминот Поранешна Југословенска Република Македонија во односите со Македонија, но не и со другите републики од она што некогаш се викаше Југославија.

На конференцијата беше донесен заклучок дека македонската заедница се чувствува навредена од ова и дека како приоритетна задача на, Федералната влада како и на секоја идна Федерална лабуристичка влада треба да биде да го отфрлат префиксот "поранешна Југославија" и да ги задржат зборовите "Република Македонија".

На конференцијата, исто така беше нагласено дека Федералната лабуристичка влада ќе се залага за отворање на Австралиска амбасада во главниот град  за да им служи на интересите на Австралија во поширокиот регион.

Овој предлог беше покренат од Џесика Стојковски која е член на западно-австралискиот Парламент.

Македонскиот почесен конзул во Западна Австралија Зоран Ќосески ја поздрави оваа Резолуција и рече дека таа е вистински чекор кој води до социјална правда


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top