Лидерот на Интегра, Ристовски во Гостивар: ДПНЕ и СДС владееа со лаги и фатаморгана, време е да ги испратиме во историјата

Интегра, Македонска конзервативна партија попладнево во Гостивар на собир ја презентираше својата изборна програма, како и кандидатите за пратеници во шестата изборна единица..

Претседателот на партијата, Љупчо Ристовски истакна дека пред граѓаните на овие Парламентарни избори излегуваат со визија и знаење да донесат просперитет во Македонија.

„Дојдено е времето македонскиот народ да ја крене главата, вистината да дојде на сцена, а лагата и фатаморганата да ги испратиме во историја. 30 години две политички гарнитури ДПНЕ и СДС владеат со фатаморгана, народот е со изгубена надеж, изгубена насмевка , нашите млади немаат преспектива, одат во белиот свет. Интегра доаѓа со моќна политичка визија да испратиме во историја се‘ што ни направило стрес во нашиот живот. Македонскиот народ има право да биде благословен и просперитетен. До сега ниту една политичка партија не успеала да го понуди тој модел. Интегра излегува со таа македонска ренесанса на политичката сцена и велиме дека за 2 мандати или за период од една декада нема да ја препознаеме Македонија, таква каква што сега ја памтиме, во изминатите 30 години. Нема да сакаме да се сеќаваме, како на лош сон. Се’ што е кошмар да го испратиме подалеку  од нашите животи, да ја вратиме насмевката, радоста на нацијата, Македонецот да ја крене главата. Потребно е политичко лидерство кое ќе има сила во себе да си го сака својот народ и татковината, знаење, умеење и вештини и кое знае како да го направи тој пресврт на политичката сцена.“, рече Ристовски.

Претседателот на партијата спомена дека во изборната програма предвидуваат земјоделска стратегија наречена Арго код, насочена кон потикнување на домашното производство со помош на иновативна земјоделска механизација, овозможување на поволни услови за промовирање и креирање на позитивна бизнис клима во земјоделскиот сектор, нови законски регулативи за земјоделство и агробизнисот итн.

На настанот свое обраќање имаше и носителката на листата од Интегра во ИЕ 6, Виолета Србиноска.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top