Лидија Дочовска Павловска - Преспана, две објавени книги, рефлексија на опсесивната тема за нејзиниот роден крај Преспа

Лидија Дочовска Павловска авторка, позната и под псевдонимот Преспана, продолжи со својот творечки циклус.

Деновиве ги  објави  двете нови поетски книги „ Ехото на старите патеки- Виа Игнација” и „Розите на Преспа”, кои се рефлексија на опсесивната тема на Дочовска Павловска,Преспанската тема.Со своето исконско родољубие,почнувајќи од историските настани понирајќи во минатото, во митологијата и легендите, нурнувајќи се во минатото низ вековите прави еден цивилизациски мост помеѓу сегашноста, активното секојдневие, со прелистување на минатите времиња…Сето тоа вдаховено со многу поетичност и метафоричност.Лидија Дочовска Павловска – Преспана е член на Друштвото на писатели на Македонија. Иако по професија е дипломиран правник, вработена во МВР, професионалната определба не и претставува никаков лимит да го изнесе тоа што го носи во себе и да го сподели со читателите.

Вашето творештво секогаш е поврзано со родната Преспа, исполнетосо многу љубов од срцеистовремено предизвикувајќи патриотски чувства кај читателот чувствувајќи се среќен што е дел од тој преспанско – македонски етнос…

-Растејќи во овој преубав крај Преспа уште од своето рано детство во себе го чувствував мирисот на Преспанските рози кои после долги години процветаа во моето  срце и се излеаа на белите листови хартија како црвени откинати рози под наслов „Розите на Преспа“.  Всушност секоја една поема претставува автохтона, посебна приказна, со свој ритам, со свој звук, боја,мирис, стил на живот, љубов, човекољубие, побожност, световност, чувство на колективност, воздигнувајќи ја мојата сакана Преспа.

Низ вашата поезија пренесувате чувство, како да сте живееле во времето кога е граден патот Виа Игнација и после долги векови, реинкарнирана го гледа патот од денешен аспект…

-Во “Ехото на старите патеки- Виа Игнација“,  Преспана го изнесува својот поглед, филозофија на животот кој има свој почеток и крај, како и патот кој води од Драч до Константинопол исполнет со колоритни животни приказни. Пат по кој минувале генерации на луѓе исполнувајќи го просторот со нови и нови содржини, начинот  на живот, стилот, начинот на размислување и сопствената филозофија.

Нејзиното творештво низ критички осврти на…

Проф. д-р Венко Андоновскиво неговиот критички осврт ќе напише:„…Убава е оваа треперлива поезија, поезија на илузионистичкиот миг за светот, особено кога во тој интеркултурен букет ќе се најде и цветот на личното чувство: бол, сочувство, чувство на соединување со светот како врвно божество од кое се излегува и во кое се се враќа и се слева, во согласност со источните мистични филозофии…“.Во својот критички осврт на академик Проф. д-р. Катица Ќулафковапод наслов  „Едно поетско ехо на историјата и интимата” , ќе напише:

“Интимната слика на светот е обележана од силни чувства и изрази на тие чувства на поетесата и митолошки реминисценции, песната се протега меѓу митот, историјата и интимата, триаголник кој ја одредува структурата не само на песните одделно туку и на целината на книгата“.

А,рецензентот Слободан Беличанскиќе напише:

“Поемата како подолга и посложена лирско епска творба, е привилегија на зрелите, и по возраст и по искуство , мајстори на стихосоздавањето. Авторката Дочовска Павловска  со создавањето на поемата ”  Ехото на старите патеки Виа Игнација” , покажува и докажува дека ја заслужила таа привилегија и продолжува по патот на своето творечко издигање. Нејзиниот лирско-епски исказ е ризница на грижливо одбрани ” алтан зборови” од стариот ковчег на македонското народно и уметничко пеење“.Проф. д-р Вера Стојчевска Антиќкако еден од промоторите на творештвото на Лидија во критичкиот осврт под име “За времетраењето во убавина и љубов“ во списанието Македонски фолклор XLI 75/2019, ќе напише:„…Преспа претстојува во поетесата, како и во езерските мирни, но и бурни води…Лидија Дочовска Павловска неминовно се препознава денес во младата поетска авангарда, која со нескриен афинитет ја сака и ја претставува својата поетска мисла, која веќе не е само нејзина, туку и наша, на сите вљубеници во поетското богатство…“.

Како што започнавме така и го завршуваме овој текст со стихови исполнети со љубов кон нејзината Преспа, со што и со право поетесата Лидија Дочовска Павловска го носи псевдонимот Преспана.„РАЗБУДИ МЕ ПРЕСПО,

….

Гориш во идиличноста на тлото,

Во раскошноста од платното

На распупените булки

На питомата става…



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top