Лион е џелатот на Роналдо - вторпат го праќа на одмор во истата фаза

Иако постигна два гола, Кристијано Роналдо не успеа да го однесе Јувентус во четвртфиналето од Лигата на шампионите..

Првпат по точно 10 години Португалецот нема да биде дел од оваа фаза во елитното натпреварување, а интересно е тоа што вторпат страда од истиот ривал. Во сезоната 2009/10, Лион беше подобар од Реал во осминафиналето, а сега го елиминира Јувентус, чиј член сега е Роналдо.

Ако му е утеха, ѕвездата на Јувентус стигна до бројката од 130 гола во Лигата на шампионите и собори еден рекорд на торинскиот клуб.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top