Ливерпул планира огромна глупост: Мане или 74 милиони евра за Асенсио

Европскиот шампион Ливерпул ги остави подзинати своите навивачи со идејата за размена на играчи ова лето..

Јирген Клоп планира да го понуди Садио Мане или 74 милиони евра на Реал Мадрид за Марко Асенсио. 

Идејата е чудна ако се знае дека Сенегалецот последната сезона беше еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, постигна 19 гола во сите натпреварувања и имаше огромен придонес во освојувањето на титулата во Лигата на шампионите.

Од друга страна, Асенсио имаше сезона за заборав, постигна само еден гол во Ла Лига и вкупно шест во сите натпреварувања, а го загуби и местото во поставата на Реал.

Шпанскиот репрезентативец не се развива според очекувањата и затоа никој не може да го разбере интересот од Ливерпул.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top