Љубе Бошкоски итно примен на Инфективна, му се влошила состојбата со ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен лидер на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, е хоспитализиран на Инфективната клиника откако му се влошила состојбата вчера во текот на денот, објави „Фактор“..

Тој минатата недела соопшти дека е заразен со коронавирусот и дека деновите ги поминува во карантин во Челопек, Тетовско.

– Немам температира, не кашлам, за среќа вкусот го чувствувам, па си имам апетит, но кога ставив парфем, не го чувствував мирисот. А бидејќи морам да бидам изолиран, а знам како е, нели „само“ 11 години бев изолиран, на блиските во Челопек, кои ми носат храна, им реков да ми купат пиперки и патлиџан, барем да направам зимница. Овие денови направив околу 40 тегли ајвар, вчера испеков пиперки за лутеница и до вечер ќе биде готова – изјави Бошкоски минатата среда.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top