Локализиран пожарот кај Плетвар, сообраќајот нормализиран

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е нормализиран синоќа околу 23 часот, информира АМСМ. Тој беше во прекин поради шумски пожар над каменоломот на превојот Плетвар во атар на селото Тројаци кон селото Топлица..

Поради пожарот, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман беше во прекин повеќе од седум часа, а од двете страни на превојот се формираа километарски колони.

Пет големи пожари беа активни вчера во Прилепско. На помош на прилепските пожарникари пристигнаа екипи од соседните градови, кои заедно со нив ги локализираа пожарите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top