Маестралци 30-годишниот јубилеј го одбележаа со австралиска турнеја

Членовите на оркестарот „Маестрал" од Битола, по успешната 2018 година која ќе ја паметат по јубилејот 30 години постоење и големиот концерт во Битола по тој повод, тргнаа и на турнеја кај нашинците во Австралија..

Австралиската турнеја на „Маестралци" стартуваше во градот Перт, со концерт во организација на македонското друштво „Вардар". 

Настапот во Перт беше токму за новогодишната ноќ, а пред преполна сала и одлична публика, нашите музичари имаа можност да ги поздрават сите во дијаспората кои сакаат и уживаат во убавата народна песна. Мелбурн, Сиднеј, Камбера се само дел од градовите „Маестралци" ќе ги посетат за време на турнејата. 

Специјален гостин на оваа турнеја е и младиот Андреј Илиоски кој има само 15 години, а свири на четири народни инструменти. Оркестар „Маестрал" од Битола е еден од ретките кај нас кој може да се пофали со 30 годишен музички стаж и континуинтет кај македонската публика.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top