Маестро Федерер успешно ја мина првата пречка

Рожер Федерер започна со убедлива победа во премиерното коло на новото издание на Австралија Опен. Швајцарецот во три сета славеше над Американецот Стив Џонсон со 6:3, 6:2, 6:2 за час и 27 минути и обезбеди пласман во втората рунда..

Маестрото, кој е шесткратен шампион во Мелбурн, направи 11 аса и покажа дека во добра форма влегува на првиот годинешен Грен Слем.

38-годишниот Швајцарец ќе се обиде да стане првиот тенисер на оваа возраст кој ќе освои трофеј од Грен Слем серијата. Во второто коло, Федерер ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Алис (Фра) и Крајиновиќ (Срб).

Премиерната рунда успешно ја мина и 18. фаворит, Бугаринот Димитров, кој со 3.1 беше подобар од Аргентинецот Лодеиро. Од оние од кои се очекува добар настап место во 2. коло на машкиот турнир има и за Италијанецот Беретини, кој е 8. носител. Тој утрово со 3:0 беше подобар од Харис од Австралија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top