Македонец уапсен во Киев поради обид за убиство на еден од најголемите мафијаши на Балканот

Уапсени се напаѓачите на шефот на Кавачкиот клан Радој Звицер, кој вчера беше тешко ранет во центарот на Киев..

Како што сопштила тамошната полиција, напаѓачите биле државјани на Македонија, Србија и Црна Гора. Осомничени се за напад на Звицер и при апсењето пружиле отпор и пробале да побегнат на полицијата но сепак тоа не успаело.

Напаѓачите по испуканите истрели кон Звицер се обиделе да не остават ни трага па го запалиле автомобилот со кој што го извршиле нападот.

Звицер се наоѓа во тешка состојба и се бори за живот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top