Македонија „распука“ по Лихтенштајн за победнички крај со најава за светол „блесок“ во иднина

Македонската фудбалска селекција победнички, во голем стил го заврши квалификациите откако ја совлада селекцијата на Лихтенштајн со резултат од 4-0..

Интересно како во првото, така и во второто полувреме, головите нашите момци ги дадоа во релативно краток временски теснец.

Во првиот дел предност со деби-голот за репрезентацијата, донесе Висар Муслиу кој стрелаше со глава по нафрлање од Алиовски во 36. минута, а три минути подоцна Трајковски само удвои на 2-0.

Во 63. минута од игра излезе капитенот Горан Пандев а на теренот по 2 години суспензија за првпат заигра Аријан Адеми. Три минути подоцна Барди донесе предност од 3-0.

Но дефинитивно најубавиот момент се случи во 68. минута. Само по шест минути игра, Адеми со својот гол стави печат на победата од 4-0. Момент кој предизвика вистински емоции, како кај играчот, така и помеѓу соиграчите, стручниот штаб и публиката.

Избраниците на Игор Ангеловски како што тргнаа, може да се каже и добро завршија, судејќи како по играта, така и по освоените бодови. На крај „црвено-црните“ со ефект од три победи, две ремија и пет порази, доволни за 11 бода завршија на 5. Место на табелата во Г групата од квалификациите за пласман на СП во Русија.

И овојпат Русија остана само пуста желба, но играта и свежата крв во националниот табор треба да биде само еден индикатор за конечен блесок и на резултатски план, еве за почеток,а ко не пласман на ЕП, бареме борба за првите места на табелата, а не како досега за фенерот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top