Македонската селекција во подем - годинава на 7 меча има само еден пораз

Македонската фудбалска репрезентација по подмладувањето и влезот на свеж „крв“ од младинската селекција игра се подобро и подобро, а потврда за тоа се и резултатите..

Ако на почетокот на квалификациите не не посака среќа, во продолжение „црвено-жолтите“ избраници на Ангеловски играат допадлив фудбал за око и притоа бележат одлични резултати.

Во тековната календарска година (2017) нашата селекција одигра 7 официјални натпревари, пет квалификациски и два пријателски. На нив забележа само еден пораз, од Шпанија (1-2), како и три победи, над Лихтенштајн (0-3), Белорусија (3-0) и Израел (0-1).  Покрај трите победи имаме и исто толкав број на реми дуели, против Турција (0-0), Албанија (1-1) и Италија (1-1).

Имаме реални шанси веќе во понеделник да прокнижиме уште една победа со оглед на тоа што ни доаѓа Лихтенштајн. Добрите игри, како и резултати годинава само може да не радуваат, па по пласманот на младата селекција на Македонија на ЕП, зошто да не ги видиме и сениорите на следното ЕП.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top