Макрон најавува средба со Трамп пред самитот на НАТО

„Се согласивме околу многу работи и ќе се сретнеме пред самитот во НАТО во Лондон“, напиша Макрон на Твитер..

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сретнат пред самитот на НАТО во Лондон, што ќе се одржи на 4 декември.

Макрон синоќа на Твитер соопшти дека имал „одличен телефонски разговор“ со американскиот претседател, со кого разговарал за Сирија, Иран и НАТО, пренесуваат британските медиуми.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top