Макрон немал намера да ни понуди алтернатива за членство, презентиран буџетот за 2020

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска по средбата со Емануел Макрон во Елисејската палата во Париз рече дека францускиот претседател ќе ја посети Македонија во првата половина од 2020..

Тој порачал дека не нуди друга форма како алтернатива за членството на Македонија во ЕУ и дека новата методологија на вреднување за добивање на датум за преговори ќе биде готова до март.

- Разговорот беше отворен, ги слушнав аргументите на Макрон. Јас ги изложив моите аргументи. Расчистена беше ситуацијата по некои точки. Прво, пред една недела започнало разработувањето на методологијата и за месец два ќе биде готова. Тој мисли дека начелно ќе биде усвоена до март и таа ќе биде новата ревидирана методологија. Второ: Му реков дека ние не би се согласиле со никаква друга алтернатива освен членство. Тој прецизно ми рече дека никогаш не била негова намера да ни дава алтернатива на полноправно членство, туку само да го подобри процесот за да не продуцира само бирократски успеси, а суштински неуспеси кај земјите-кандидати. Јас реков дека ние сме комплетно позади принципот на реверзибилност. Му реков дека ако сакаат и како полноправна членка нека не исклучат од ЕУ ако сметаат дека не сме направиле нешто, рече Пендаровски во Париз.

Холандија го ратификува протоколот за НАТО.

Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Оваа информација на својот Фејсбук профил ја објави министерот за надворешни работи, Никола Димитров

Водевме сметка за секој денар на граѓаните да биде продуктивно искористен, затоа и буџетот се гледаше на две седници. Вложуваме во човечки капитал, во нашиот народ, рече премиерот Заев на презентација на Буџетот за идната година.

Раст на економијата 3,8 отсто, овој раст најмногу од домашната потрошувачка. Буџетот е проектиран на реални параметри

Зголемувањето на платите и пензиите не е предизборен поткуп, туку инвестиција во човечки капитал, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција по усвојувањето на Буџетот за идната година на седница на Влада

Буџетот за 2020 година е популистички, нема ништо за капитални инвестиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата го критикуваат буџетот за идната година.  Велат дека Владата планира да потроши 3,9 милијарди евра на популистички проекти, а ниту денар за капитални инвестиции, како што се автопати, водоводи, нови образовни објекти. Опозицијата забележува дека Владата на премиерот Зоран Заев не планира пари ниту за нови енергетски капацитети, ниту за централите Чебрен и Галиште.

Владата на почетокот на денешната седница во Тетово објави дека ги повлекува предлог-измените на Законот за јавни собири по негативните реакции во јавноста дека нема да може да се протестира во околината на „Бихаќка“, Собранието, обвинителствата, судовите, општините и другите државни органи.

Полковникот Зоран Јанковиќ кој е шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Македонија во интервју за Фактор вели дека граѓаните треба да бидат добро запознаени со предностите и предизвиците кои доаѓаат со самото членство во НАТО. Исто така оценува дека треба да се биде внимателен и со хибридните тактики за информациски напади и ширење на лажни вести и зајакнување на сајбер одбраната, но сега Македонија не е сама и ќе ја има Алијансата зад себе.

Не знам точно што ме влече постојано да се враќам, ама не е ни важно. Доматите веќе ги снема, освен оние од старо семе, или оние во Чамо. Ме радуваат нови познанства, ама и стари слики. Секако летото, а не зимата – зимата е депресивна тука, и не само поради загадувањето, туку и поради анти-цивилизациските ретро зачадени кафе-барови, сиви улици, сиви фасади, сиви коли, маглишта... Летото е друга димензија, насмеана – вели Манчевски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top