Макрон разговарал со Рохани за тензиите во Заливот

Претседателите на Франција и на Иран Емануел Макрон и Хасан Рохани телефонски разговарале за смирување на напнатоста во Заливот, соопшти Елисејската палата..

Макрон ќе учествува на состанокот на лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји во светот и земји во развој што в петок почнува во Јапонија. 

На самитот ќе стане збор и за иранската нуклеарна спогодба и за тензиите меѓу САД и Иран. 

Француските власти оценија дека повикот на САД за формирање коалиција против Иран е „вознемирувачки“, бидејќи европските земји се залагаат за зачувување на нуклеарната спогодба со Иран од 2015 година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top