Малдини им се изначуди на фановите: Играв 8 финалиња, освоив 5 титули, ама памтат само едно

Легендарниот дефанзивец и капитен на Милан, Паоло Малдини пред точно една деценија ја заврши својата кариера како еден од најтрофејните играчи во Европа и особено во Лигата на шампионите..

За 25 години во првиот тим на „росонерите“ освои се што можеше, седум пати триумфираше во Серија А, пет пати во Лигата на шампионите, со 902 настапи е рекордер во историјата на Милан, а со 647 натпревари го држи рекордот во Серија А. И покрај тоа, навивачите го памтат неверојатниот пораз од Ливерпул во финалето од ЛШ во 2005 година кога токму Малдини го отвори резултатот, во првата минута.

„Мојот гол во финалето 2005 беше најбрз и најубав во еден финален меч од Лигата на шампионите. Тој е најдобар доказ дека работите не можат да се сфатат здраво за готово и тоа е непредвидливост која спортот го прават чудесен. Ми доаѓа да се смеам поради тоа што играв осум финалиња во Лигата на шампионите, освоив пет титули, а луѓето го памтат само тоа едно“, вели Малдини.

Две години подоцна Милан му се реваншираше на Ливерпул, го победи со 2-1 во Атина и тоа беше последен важен трофеј во кариерата на италијанската легенда.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top