Малолетник осомничен за четирикратното убиство во Јута

Малолетник е осомничен за вооружениот напад во американската сојузна држава Јута во кој беа убиени четири лица, пренесува локалниот телевизиски канал KSL..

Според полицијата, момчето вооружено со пиштол откако ги убило трите деца и една жена, ја придружувало петтата преживеаната жртва до болницата каде што било уапсено. Нив во болница ги пренело лице кои пристигнало во куќата во текот на пукањето.

Станува збор за најголемото масовно убиство во државата Јута од 2007 година, кога вооружен напаѓач уби пет лица а потоа самиот се застрела во трговски центар во главниот град Солт Лејк сити. Истовремено, ова е првото убиство по речиси 20 години во Грантсвил, место со околу 11.000 жители, 56 километри западно од Солте Лејк Сити.

Повеќекратното убиство се случи во приватна куќа во градот Грантсвил во петокот ноќта, кога се убиени четири лица, а уште едно е рането. Полицијата во саботата објави дека осомничениот дејствувал сам, и оти веќе бил приведен во притвор.

Меѓу жртвите, три се деца. Осомничениот, исто така, нема наполнето сѐ уште 18 години, пренесува телевизијата KSL.

Извори од градската полиција за агенцијата Associated Press рекле дека мотивите на осомничениот сѐ уште не се познати, меѓутоа, иследниците поаѓаат од фактот што сите жртви во пукањето биле меѓусебно роднински поврзани.

Полицијата, исто така, сѐ уште не го објавува идентитетот на единствениот осомничен, бидејќи станува збор за малолетно лице. Но наведува дека тоа се соочува со 10 обвиненија, од кои најсериозното е тешко убиство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top