Манчестер Јунајтед одби ТРИ МИЛИЈАРДИ фунти

Принцот на Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман подготвува и трета понуда за купување на Манчестер Јунајтед..

Според извори блиски до клубот, „црвените ѓаволи“ веќе одбиле две понуди од кралското семејство, а втората била од неверојатни 3 милијарди фунти.

Сегашните газди на Јунајтед, американската фамилија Глазер двапати на Арапите соопштила дека клубот „ не е на продажба по секоја цена“:

Тие на чело на славниот клуб се од 2005 година, но јасно е дека нивните планови се во догледно време да се решат од Манчестер Јунајтед и клубот да го препуштат на некој сигурен и амбициозен.

Моменталната пазарна вредност на клубот изнесува 2.64 милиони долари, а Саудиецот засега е најсериозен купец. Вреди да се каже дека пазарната вредност падна поради слабите резултати и тоа што остана без пласман во Лигата на шампионите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top