Мандатот на Груевски, вторник или среда на комисија

Седницата за одземање на мандатот на бегалецот Никола Груевски ќе се одржи во вторник или в среда, брифираат од Комисијата за мандатно -имунитетни прашања..

Седницата ќе се случи по одржувањето на Комисијата за одбрана и безбедност, која е предвидена за утре, а на која ќе се разгледуваат два закона: за Агенцијата за национална безбедност и координација на безбдносно – разузнавачките служби. За овие закони се поднесени околу 50-тина амандмани. По нивното поминување, ќе следи закажување на седница за мандатот на Груевски.

Минатата недела, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја извести Комисијата со која претседава Павле Богоевски за отсуството од работа на екс – премиерот повеќе од 6 месеци без оправдување.

Ако Комисијата со мнозински гласови решипозитивно да одговори за одземање на мандатот, препораката оди на гласање пред пратениците на пленарна седница. Пратенички мандат се одзема со двотретинско мнозинство, односно 80 од 120 пратеници.

Исклучената група пратеници од ВМРО ДПМНЕ, која гласаше за уставните измени, се уште нема изградено став за ова прашање.

Никола Груевски е во Будимпешта – од унгарските власти доби право на азил. Тој е присутен и во Македонија, со неодамна издадената книга „Искуства за иднината“ која е негова докторска дисертација.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top