Мартинијан победи на Макфест

„Сто пати на ден“ е насловот на победничката макфестовска композиција во изведба на Мартинијан Кириловски..

Зад него се пласираше двеоцот Александар Митевски и Драган Спасов – Дац со песната „Уште ми фалиш“, а третата награда ја добија „Фрајле“ и песната „Не ѝ признавај“.

Наградата за дебитант отиде во рацете на струмичанката Славица Ангелова, за најдобар аранжман кај Иле Спасов за песната „Твоите очи лажат“, најдобар сценски настап имаше Мартија Станојковиќ, додека пак легендарната Росана Сариќ-Тодоровска ја освои наградата на жирито за најдобра вокална интерпретација.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top