Матис: САД ќе и помогнат во модернизација на хрватската армија

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис синоќа во Загреб изјави дека Хрватска е „докажан американски сојузник“ и вети помош во модернизацијата на хрватската армија..

Матис на средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ нагласи дека е задоволен што повторно е во земја „која е докажана американска сојузничка и која има респектабилна војска“.

Тој ги пофали одлуките на хрватскиот државен врв за набавката на нова воена опрема и вети помош за понатамошната модернизација на хрватската армија.

Пленковиќ изрази задоволство од „одличните и пријателски односи помеѓу Хрватска и САД.

Матис вчера допатува во Загреб по Самитот на НАТО во Брисел.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top