Меркел го осуди Трамп за расистичките коментари

Германската канцеларка Ангела Меркел остро го критикува претседателот на САД, Доналд Трамп, поради расистичките коментари упатени кон четири жени од Конгресот..

На прес-конференција во Берлин, Меркел нагласи дека токму имигрантите се оние што имаат најголем придонес кон САД и оние што ја чинат Америка силна земја.

„Овие коментари го рушат сè она што ја прави Америка силна“, вели Меркел.

На прашањето дали таа сочувствува со жените што припаѓаат на малцинствата, Меркел без колебање рече – да.

„Најсилно се оградувам од овие изјави и се солидаризирам со овие жени“, вели Меркел.

Трамп го почна скандалот со расистички коментари за време на собир во Северна Каролина и рече дека овие четири жени од Конгресот треба да се вратат назад во земјите преполни со криминал од каде што потекнуваат.

Тој најпрвин не посочи конкретно на кого се однесуваат овие коментари, но подоцна откри дека се работи за Александрија Окасио-Кортез, Илхан Омар, Рашида Тлаиб и Ајана Пресли.

Сите се родени во САД, освен Илхан Омар, која е родена во Сомалија, но е натурализирана Американка.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top