Мицкоски: Катица Јанева ме уценуваше за да го одмрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски вечерва од Битола рече дека Катица Јанева го уценувала за да го одмрзне имотот на неговата партија..

-Јас јавно го повикав јавниот обвинител да ме повика да посведочам бидејќи бев предмет на уцена од страна на Катица Јанева кога таа бараше од мене да го поддржам Законот за јавно обвинителство, а сѐ со цел да го одмрзне имотот на партијата, кој што како нелегален тужител го замрзна, а судот под притисок на СДСМ и Обвинителството го потврди тоа барање, рече Мицкоски пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Битола каде се одбележаа 29 години од формирањето на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top