Мицкоски: Владата вештачки ги зголемуваше капиталните инвестиции преку префирлање пари во мер

Христијан Мицкоски, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисија „Економски Магазин“ кажа дека има вештачки пораст на капиталните инвестиции. Имено Мицкоски го посочи случајот во кој биле префрлени над триесетина милиони евра во Македонски ен.

- Во суштина капиталните инвестиции пораснаа затоа што навидум биле префрлени триесетина и нешто милиони евра во МЕР(Македонски енергетски ресурси), кој што требало да го докупи делот во ГА-МА. Нормално тоа не се случило и сега што правиме? Еве повторно уште една лага, вели тој.

Според Мицкоски не се точни тврдењата од страна на министерката за финансии, Нина Ангеловска која што пред еден месец тврдеше дека има реализација на капиталните инвестиции од 78%.

-Како може да тврди кога таа на 10 декември тврдеше едно, но доколку ја прашавте на 10 јануари истата таа министерка ќе ви кажеше дека не е така. А зошто не е така? Затоа што парите биле префрлени од Министерството за финансии до МЕР за да го откупат делот во ГА-МА , од 35 до 36 милиони за да после тоа на 10 јануари истата таа министерка рече дека „сега добивме информација дека всушност не се потрошени тие пари“, кажа Мицкоски.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top