Мицотакис утре дава заклетва, Ципрас му ја честиташе победата

Лидерот на Нова демократија Кирјакис Мицотакис утре ќе даде заклетва како нов премиер на Грција..

Потоа ќе се обави приморедавањето на премиерската должност, изјави извор од Нова демократија за агенцијата АНА.

Министерството за внатрешни работи на Грција соопшти дека, според нивните проценки, опозициската Нова демократија на Мицотакис освоила околу 39,8 отсто од гласовите, додека владејачката Сириза предводена од премиерот Алексис Ципрас добила 31,5 отсто од гласовите.

Ципрас му се јави вечерв на лидерот на Нова демократија Мицотакис и му ја честитал победата на вонредните парламентарни избори, соопшти функционер на конзервативната партија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top