Милан ќе ја искористи „расправијата“ на Пеп со Агуеро за голем трансфер?

Доколку Алексис Санчез ова лето завршеше во Манчестер Сити, сигурно дека „граѓаните“ ќе се обидеа да го продадат Серхио Агуеро, кој наводно не е во добри односи со Гвардиола..

За искусниот фудбалер на Сити заинтересиран беше Милан, кој минатото лето потроши импозантни 200 милиони евра во бранот трансфери, а сигурно дека го посакуваа и брзоногиот Аргентинец.

Но проблем беше цената која Манчестер Сити ја барале за Агуеро, а таа изнесувала околу 75 милиони фунти, или блиску 90.

Агуеро е симбол на еден Манчестер Сити, тој во 261 настап за оваа екипа, има постигнато 176 голови и 54 асистенции.

Но доколку се остварат најавите на британските медиуми блиски до Сити, дека Агуеро е трансфер мета на Милан, кој идното лето евентуално би се согласил да преговара за одредена сума на пари, за трансферот на класичната „деветка“ која ја посакуваат подолг период. Но сето тоа ќе зависи и од разрешницата со Санчез, дали ќе остане во Арсенал и ќе потпише нов договор, или ќе ги засили редовите на клубот од Манчестер.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top