Милевски: Нема оправдување, ова е срам, се извинувам на сите!

Благоја Милевски, селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, по срамниот пораз од Гибралтар (1-0) истакнува дека одговорноста за резултатот на натпреварот против е негова..

Милевски упатува извинување до целокупната спортска јавност за неочекуваниот пораз во квалификациите за ЕП во Италија.

„Нема оправдување, ова е срамен резултат и ја преземам одговорноста. Искрено жалам и упатувам извинување до целата јавност и навивачите, до Федерацијата која ни ги овозможи бараните услови за работа. Со репрезентацијата ги доживеав најубавите моменти во мојата кариера, а по синоќешниот пораз и најтешките моменти. Ќе повторам дека не бараме оправдување, ниту во неиграњето на Елиф Елмаз, ниту за многуте неискористените шанси за погодок. Едноставно, со или без Елмаз, ние моравме да најдеме начин да го победиме противникот. Јас сум тој кој го одредува составот и одговорноста е моја. Модерниот фудбал не трпи емоции, едноставно сурово сме казнети и мора да го прифатиме тоа. Најважно сега за оваа репрезентација  е да бидеме сплотени, заедништвото одново да биде наша сила. Во изминатата година оваа репрезентација на неколку натпреварите покажа дека има потенцијал, искрено се надевам дека ќе продолжиме да бидеме одговорни како во дуелите против Црна Гора и Ерменија и нема да потценуваме противник, но и себе, изјави Благоја Милевски. 

Македонија по три одиграни кола во квалификациите за ЕП во Италија има скор од една победа, против Ерменија со 0-3, и два порази, од Србија со 0-2 и Гибралтар со 1-0.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top