Милошоски примен на Инфективна со покачена температура

Членот на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен пратеник во македонското Собрание, Антонио Милошоски попладнево е примен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со покачена температура..

За состојбата се огласи и самиот со пост на Фејсбук во кој пишува дека вчера бил подложен на тест за Ковид-19 и добил негативен резултат. Но, сепак, по препорака на специјалист му бил направен и втор чиј исход го очекува во текот на утрешниот ден.

Освен повеќедневна покачена температура, Милошоски напиша дека не чувствува други симптоми и дека расположението, апетитот и дишењето се добри.

Милошоски е втор на кандидатската листа за пратеници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во петтата Изборна единица, но неколку дена е без предизборни активности и во домашна изолација по неодамнешната средба со неговата мајка во Кичево која има позитивен наод на Ковид-19.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top