Министерката за здравство на Викторија Џени Микакос поднесе оставка

Микакос на издржа на предизвиците во битката со Коронавирус пандемијата.

Министерката за здравство на Викторија Џени Микакос поднесе оставка од кабинетот и од парламентот, само еден ден откако премиерот Даниел Ендрус откри дека е „одговорна“ за карантинската програма во хотелите од каде што почна вториот бран на КОВИД-19.

„Разочарана сум што мојот интегритет е нарушен“, рече г-ѓа Микакос во статусот на Твитер.

„Денес му напишав на гувернерот на Викторија да ги повлече моите должности како министер за здравство кој ќе стапи на сила денес.“, додаде Микакос.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top