МИНИСТЕРОТ АДЕМИ ВО ПОСЕТА НА САД

Министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми од денеска до петок ќе престојува во официјална посета на Соединетите Американски Држави..

За време на престојот, тој ќе ги посети Њујорк и Вашингтон каде ќе оствари средби со претставници на Стејт Департментот, Конгресот на САД и со претставници на македонската дијаспора.

Според агендата, министерот Адеми во Њујорк ќе одржи предавање на Универзитетот Колумбија на тема „Западен Балкан, Македонија и интеграцискиот процес – Има ли улога за дијаспората?“.

Во Вашингтон, се очекува да оствари средби со координаторот на програмите за дијаспора во Канцеларијата на Државниот секретар, Ашвуд Еферн и со Сузан Фалатко, в.д. директорка на Канцеларијата за Југоцентрална Европа во Стејт Департментот на САД, како и со група конгресмени во Конгресот на САД, лобисти за Македонија.

Во фокусот на разговорите ќе биде динамизирањето на стратешкото партнерство во билатералните односи меѓу Македонија и САД, новиот пристап на македонската Влада кон евроатланските интеграциони процеси и новиот моментум во овие процеси.

На средбите со иселениците, министерот Адеми ќе го пренесе новиот пристап кон дијаспората и институционалното поврзување со матичната земја, како и размената на искуства во однос на странските инвестиции и зајакнувањето на економскиот сегмент за поврзување со Македонија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top