Митрески: Законот за Советoт на јавни обвинители не се носи со двојно мнозинство

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески на социјалните мрежи сподели листа на закони кои се носат со двојно мнозинство, во насока на тоа дека Законот за Советот на јавни обвинители не спаѓа во таа група..

„На колегата кој е еден од поголемите познавачи на законите и процедурата не му забележувам. Знам која му е целта… За граѓаните да немаат дилема во прилог ја ставам листата на закони кои се носат со двојно мнозинтво според Законот за комитетот за односи меѓу заедниците, а таму не е Законот за совет на јавни обвинители. Во Собранието исто така има еден уште поголем познавач на процедурите и законите кој најдолго време бил претседател на институцијата.

Затоа, во прилог еден стенограм кога водел седница кога се менувал законот за совет на јавни обвинители каде се гледа дека нема двојно гласање. За амандманот 30 став 3 и 8 од Уставот во некоја следна прилика… Според тоа, Ви посакувам добра ноќ“, напиша Митрески.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top