Молк во Обвинителството за Рашковски, опозицијата бара да биде разрешен

Основното јавно обвинителство се уште не отворило истрага по допрен глас за генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски..

Постапка има отворено само Антикорупциската комисија кое најави дека ќе ја истражува овој случај. Минатата недела тие писмено побараа од Владата и од М – НАВ да им ја испратат целокупната документација поврзана со набавката, но уште немаат добиено повратен одговор. Рокот во кој овие две институции треба да одговорат и да ги предадат материјалите е 15 дена.

Од ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена поднесоа кривична пријава против Рашковски а денеска побараа од премиерот Заев да го разреши од функцијата генерален секретар на Владата.

Господине Заев, да имавте барем, „е“ од европските вредности кои не ги вадевте од уста, ќе побаравте оставка од Рашковски и истрага за случајот и тоа веднаш – порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: 360


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top