Може ли британскиот парламент да го сопре брегзитот?

Тереза Меј се наоѓа под притисок да објави таен правен совет кој, како што се претпоставува, тврди дека парламентот сѐ уште може да го сопре брегзитот пред крајот на март 2019 доколку пратениците проценат дека промената на мислењето е во национален интерес.

Повикот до премиерката да го објави советот на водечките британски правни експерти следат по тврдењата на владата дека брегзитот е несопирлив и дека пратениците треба да се одлучат меѓу каков било договор, па дури и лош, и никаков договор.

Угледната адвокатка Џесика Симор од комората Матрикс побара од Меј да го објави правниот совет во согласност со британскиот закон за достапност на информациите.

Според неа, „два добри извори“ тврдат дека премиерката била советувана дека Британија може да го повлече Членот 50 од Лисабонскиот договор кога било пред 29 март 2019 што би резултирало со останување на земјата во ЕУ под сегашните услови.

„Нема време за губење. Важно е овој совет да ѝ буде достапен на британската јавност и нејзините претставници во парламентот што побрзо“, кажа таа.

Вознемиреност владее и меѓу пратениците кои се останување на Британија во ЕУ како и во правните и бизнис круговите поради таканаречениот „камиказе“ пристап на владата кон брегзитот.

Загриженоста поради недостифот од флексибилност во преговорите е зголемена по хаотичната конвенција на Конзервативната партија и несмасниот говор на премиерката, пишува британскиот весник.

Европските лидери сега се сомневаат во тоа дали таа е политичкиот авторитет кој може да донесе напредок во преговорите кон задоволувачки договор.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top