Мурињо не можеше да остане рамнодушен: Хрватската сензација се сели во Јунајтед!?

Хрватската репрезентација направи чудо на Светското првенство во Русија и јасно е дека по неговото завршување дел од нив ќе направат спектакуларни трансфери..

На прво место Анте Ребиќ кој игра одлично и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Манчестер Јунајтед. Жозе Мурињо за него подготви понуда од 44 милиони фунти што воопшто не е голема сума ако се има предвид неговиот потенцијал.

Ребиќ е играч на Фиорентина, но последните две сезони ги помина на позајмица во Ајнтрахт. Токму последниот меч за овој клуб беше вистински спектакл. Во финалето од Купот на Германија, Ајнтрахт го совлада Баерн со 3:1, а Ребиќ беше стрелец на два гола.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top