На денот на ВМРО ќе има делегација од Солун на Македонскиот Фестивал кај што се промовира грчка култура

Додека Македонците се поделени околу турнејата на „Танец“, Грчката заедница во Мелбурн ќе организира Македонски фестивали со цел да ја промовира грчката култура како „Македонска“..

Пишува: Никола Ставрески - Мелбурн, уредник на Фаланга

Додека нашите два Македонски задгранични комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Мелбурн не организирале никакви активности по повод денот на основањето на Македонската Револуционерна Организација, од страна на Австралија и Грција во Мелбурн се преземаат големи акции со цел да се промовира „Македонската“ култура.

Денес, грчкиот весникНеос Космоспренесе дека во Австралија гостува Грчка делегација од Солун на покана на домаќините од Мелбурн, каде ќе се одржат, Македонски активности за промовитање на хеленска култура.

Имено, збратимените градови, Солун и Мелбурн, овој викенд се организирани повеќе Богослужби во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Престон, игранка на Пан Македоники на Normandy Avenue во Торнбури. 

Исто така ќе се одржи говор од страна на Д-р Џорџ Иатропулос за превенција на рак и Јордан Псомопулос за Медитеранската диета во Клифтон Хил, каде што влезот е бесплатен.

Во петок навечер, гувернерот на Централна Македонија ќе одржи говор во Грчкиот Центар на Lonsdale Street.

Во недела ќе се одржи Македонскиот фестивал каде што ќе се промовира грчка култура преку грчки играорни групи. Фестивалот ќе се одржи од 10 наутро до 4 попладне на „Queen Victoria Market“, каде што влезот е безплатен.

Македонците неодамна протестираа против сегашната влада на чело со Зоран Заев во Мелбурн и Канбера, се прашувам, има ли член на организација или која било Македонска институција каде ќе го крене својот глас против лажното претставување, демек се организира Македонски Фестивал, а Македонски играорни, членови на Македонски Кулутрно-Уметнички Друштва не се поканети, се цел да лажно да се претстави Македонската култура преку Грчка култура, а со тоа Австралиската јавност ќе верува дека Македонија е Грчка. 

Кога станува збор за промоција на нешто Македонско, Македонците од Австралија свесно или несвесно, удрија пропаганда за бојкотирање на нај-македонскиот национален ансамбл „Танец“ од Скопје, со цел да се спречи ширењето на Македонизмот во Австралија, а сега кога е најпотребно таквите лажни патриоти тивко и да ја прочитаат оваа вест, само ќе си премолчат и ќе го прифатат поразот дека Македонија е Грчка.

Сакале или не сакале, лидерите на Македонските организации во Мелбурн со премолчување на вакви настани и неактивност по повод големиот Македонски празник, денот на основањето на Македонската Револуционерна Организација, која е основана од Македонци во Солун, тивко дозволуваат да згаснеме како нација во Австралија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top