Над 100 рудари загинале во свлечиште во Мјанмар

Бројот на загинати рудари од свлечиштето во рудник за жад во Мјанмар се зголеми на 110, јави германската новинска агенција ДПА..

Претходните информации беа дека се загинати 50 рудари, но спасувачките служби стравуваа дека тоа не е конечната бројка.

Свлечиштето било предизвикано од поројни дождови. Мјанмар се смета за еден од најголемите производители на жад во светот, но во нивните рудници често пати доаѓа до несреќи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top