Најдолгото Македонско оро ќе се игра на Македонскиот Фестивал за храна во Футскрај Парк со знамето од Кутлеш

Успешниот традиционален Македонски фестивал за храна ќе се одржи во недела на 27-ми Октомври во Футскрај Парк..

Пред точно осум години Македонците во Мелбурн во организација на Македонско - Австралиската Заедница (MACO), започнаа со реализација на својата идеја да направат  Фестивал на Македонска храна и на тој начин да ги претстават Македонските кулинарни вештини и специјалитети овде пред мултикултурна Австралија.

Фестивалот започна да се одржува во Вилиамстеон, па потоа во Витлси и еве последниве неколку години успешно се одржува во Футскрај.

Македоците овде во Мелбурн по осми пат на 27/10/2019 ќе покажат дека се силна нација која знае да се обедини и да ги претстави најпознатите гурмански специјалитети од познатите Македонски бизниси за храна овде во Мелбурн.

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во убавата храна, добра Македонска музика и традиционални ора и песни во изведба на познати Македонски културно уметнички друштва од Мелбурн и Викторија како и од Сиднеј.

Како и секоја година така и оваа година организаторите подготвија изненадување.

Имено организаторите во соработка со Културно Уметничките друштва ќе го направат и изиграат најдолгото Македонско оро на чело со знамето од Кутлеш и по тој повод ве покануваат сите масовно да излезете и да се фатите на оро со што ќе дадете свој допринес ова оро навистина да биде најголемото оро со кое ќе се прати порака до политичарите во Македонија дека ние сме тука во далечна Австралија, но никогаш нема да се откажеме од традицијата, историјата и симболите на нашата сакана татковина Република Македонија која постоела и ќе постои.

Почитувани Македонци повелете на овој наш фестивал за храна кој оваа година има за цел да ја прослави традицијата но и да ја испрати најсилната порака. Ова ке биде успешно само доколку вие дадете свој допринес со вашето присуство.

Сите оние кои имаат народни носии и знаме со сонцето од Кутлеш се покануваат да дојдат облечени во традиционална Македонска облека и да го развиорат знамето, а оние кои немаат само нека се приклучат на настанот за што поголема масовност да покажеме пред светот и пред оние кои ја разнебитуваат Македонија кои сме и што сме. ОБЕДИНЕТИ СМЕ ПОСИЛНИ.

Фестивалот како досега и оваа година ке се одржи во Footscray Park, 40 Maribyrnong Blvd, Footscray .

Ова е нашиот еден и единствен Фестивал на Македонска храна овде во Мелбурн кој успешно започна да се спроведува пред точно осум години и од година во година е се попосетен и подобро организиран.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top