Наскоро почеток на турската офанзива во Сирија

Турската војска заедно со Слободната сириска армија набрзо ќе ја мине сириската граница, изјави Фахретин Алтун, директор, за комуникации на претседателот Реџеп Таип Ердоган за новинската агенција Ројтерс..

Турција има намера да формира „безбедна зона“ во Сирија на околу 30 километри од турската граница во операција против курдските сили кои им се сојузници на Соединетите држави во борбата против Исламската држава. 

Претходно, турскиот парламент ги продолжи за уште една година овластувањата на Владата, според кои, таа може да нареди прекугранични воени офанзиви на територијата на Сирија и Ирак доколку биде соочена со безбедносни закани.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top