НЕ СЕ ОТКАЖУВА: На голема врата се враќа во „Ѕвездите на Гранд“

Од овогодинешната сезона на регионалото музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ речиси сите се сеќаваат на дечкото кој со денови креваше прашина на Балканот..

Пејачот Александар Стевановски се враќа во натпреварувачкото шоу со полна пареа. „Не сум навикнат да се откажувам, без разлика дали станува збор за неуспешната љубовна врска, за успех во музиката, или пак за било што друго во животот, па затоа ќе им порачам на моите поддржувачи и на оние кои се срамат од мене и од мојот настап да го очекуваат неочекуваното. 

 Бев повторно повикан во првиот круг а „Ѕвездите на Град“ без да морам претходно повторно да поминам на аудицијата, но на своја рака и со желба да го оправдам пеењето инсистирав повторно да имам можност да пеам на аудицијата која се оддржува на 2-ри септември. 

Не сакам да откривам детали за мојот следен настап па затоа само кратко и јасно ќе им порачам на сите да го очекуваат неочекуваното. Што и да спаѓа во моите планови околу настапот тоа сигурно нема да му наштети на ничиј авторитет ниту пак на угледот на државата, но сепак ќе биде спектакуларно и мислам дека овој пат ќе крене многу повеќе прашина отколку минатиот пат. 

 Деновите за аудицијата се одбројуваат на прсти, па морам да се посветам малку повеќе на вежбањето, а дотогаш останува да почекаме сите заедно.“


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top