Нејмар е се уште „гуштер“ во ПСЖ - Кавани го избра најдобриот соиграч во неговата кариера

Единсон Кавани со својата репрезентација успеа да се пласира на Светското првенство во Русија, каде заедно со Луис Суарез ќе бидат голема опасност за противниците..

Исто така, „Ел Матадор“ неодамна се смири со Нејмар по незгодната расправија околу тоа кој ќе шутира пенал и слободни удари.

И кога се чинеше дека е се готово и заборавено, Кавани во едно интервју повторно „заборави“ на одличниот Бразилец. На прашањето кој е најдобар играч со кој некогаш играл, го изостави Марек Хамшик, Суарез, Ибрахимовиќ, но и неговите нови колеги Нејмар и Мбапе.

Марко Верати е најдобриот играч со кој сум играч, иако овде имаше уште неколку добри играчи. Сепак, со него е се подобро во тимот“, одговорил Кавани на новинарско прашање.

Ова сигурно дека не е директна провокација до Нејмар, но се уште остава сомнеж дека во иднина нивните расправии ќе се повторат.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top