НИКОЈ СО СИГУРНОСТ НЕ ЗНАЕ КОЈ ГО УБИЛ КЕНЕДИ - ОВА СЕ НАЈПОЗНАТИТЕ ТЕОРИИ

Пред 54 години, по две години откако бил избран за претседател, Џон Ф.Кенеди бил убиен додека го посетувал Далас, Тексас..

Истрагата на комисијата „Ворен“ утврди дека поранешниот американски маринец Ли Харви Освалд го убил Кенеди од блиската книжарница, меѓутоа, мрачните факти на случајот довеле до многубројни алтернативни теории.

Тие вклучуваат заговор на ЦИА, мафијашко дело, тајна операција на Линдон Б. Џонсон и многу повеќе. 

Националната архива ќе објави над 3.000 документи поврзани со атентатот на 26 октомври, а ова се главните теории што преовладуваат уште оттогаш. 

Теоријата во која е вмешана ЦИА

Луѓето што веруваат дека ЦИА стои зад убиството шпекулираат дека агенцијата силно се спротивставувала на големиот број ставови на претседателот за Куба и за комунизмот.

Теоријата тврди дека одбивањето на Кенеди да понуди воздушна поддршка за инвазијата на Заливот на свињите, мисија спонзорирана од ЦИА за соборување на Фидел Кастро, предизвикала ЦИА да го елиминира Кенеди. Теоретичарите веруваат дека ЦИА го искористи Освалд.

Теоријата во која е вклучена мафијата

Друга поврзана теорија вели дека ЦИА соработувала со мафијата за убиството на Кенеди. Во тоа време двете организации имале заеднички интерес во соборувањето на Кастро, мафијата имала голем број инвестиции во кубанските казина за кои постоел ризик да бидат затворени.

Владините документи покажуваат дека ЦИА соработувала со мафијата за да го собори Кастро; некои теоретичари на заговор тврдат дека тие соработувале и со Кубанците против Кастро за да се изврши атентат врз Кенеди.

Теоријата за прогонетите од Куба

Некои веруваат дека напорот бил многу помалку софистициран од федерален заговор и бил извршен од група прогонети Кубанци кои сметале дека неуспешната инвазија на Заливот на свињите бил доволен доказ дека Кенеди е непогоден за претседател. 

Во 1959 година, кога кубанската револуција го довела Кастро на власт и по атентатот на Кенеди во 1963 година, неговата популарност помеѓу прогонетите значително еродирала. Во октомври 1963 година Кубанците против Кастро имале средба со десничарските Американци за да дискутираат за фрустрациите со Кенеди.

Теоретичарите шпекулираат дека состанокот можеби бил појдовна точка за атентатот еден месец подоцна. 

Теоријата за Линдон Б. Џонсон

Една теорија вели дека Линдон Б. Џонсон толку многу се плашел дека нема да успее да учествува на изборите во 1964 година, што планирал да го убие Кенеди.

Според мемоари напишани во 1968 година од личната секретарка на Кенеди, Евелин Линколн, било точно дека Кенеди планирал да го замени Џонсон како потпретседател. Кенеди тоа му го кажал на Линколн на 19 ноември 1963 година - три дена пред да биде убиен.

Теоријата на КГБ

Некои теоретичари сметаат дека група советски офицери стоеле зад атентатот на Кенеди, а биле организирани од премиерот Никита Хрушчов.

Кон крајот на кубанската ракетна криза во 1962 година, Хрушчов бил принуден да ги отстрани интерконтиненталните балистички ракети што ги распоредил во Куба поради американските милитаристички закани против Советскиот Сојуз.

Теоретичарите на заговор тврдат дека овој потег го мотивирал Хрушчов да го убие Кенеди.

Во саботата Трамп изјави дека нема да го блокира објавувањето на повеќе од 3.000 тајни документи за убиството на Кенеди кои биле класифицирани уште од 60-тите години.

Официјалниот датум на објавата на документите е 26 октомври 2017 година, како што било утврдено од Актот за собирање на документите за атентатот на Кенеди од 1992 година, потпишани од Џорџ Буш пред точно 25 години. 

Што претставуваат документите?


По убиството на Кенеди повеќе од 30.000 владини документи, со милиони страници, постепено биле објавувани во јавноста, иако многу од нив биле редактирани или само делумно пуштени.

Голем дел од јавноста не знаела за документите. Во 1991 година таа дознала за документите преку филмот „ЏФК“ на Оливер Стоун. На крајот од филмот е откриено и за тајните документи. Голем број луѓе почнале да бараат од Вашингтон да ги стави на располагање сите документи. Конгресот го забрзал изборот за декласифицирање, а претседателот Буш го потпишал Актот за собирање на документите една година подоцна. 

Што би можело да има во документите?


Од десетици илјади документи што делумно се објавени, околу 3.100 остануваат класифицирани. Никој не знае што точно содржат.

„За секој што мисли дека случајот ќе добие сосема ново поглавје, да објаснам дека тоа нема да се случи“, вели Џералд Поснер, автор на „Case Closed: Lee Harvey Oswald and the Assassination of JFК“.

Поверојатно е дека документите нудат повеќе детали за истрагата на ЦИА поврзана со убиството на Кенеди, како што е патувањето на Освалд во Мексико неколку недели пред да биде убиен Кенеди.

Што ќе објави Трамп?


Постои сомневање дали Трамп ќе дозволи Националниот архив целосно да ги разоткрие документите.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top