Никола Груевски нема да биде почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, партијата ќе го укине тој статус

Мицкоски не сакаше експлицитно да открие дали тоа се прави за партијата да се огради од политиките на поранешниот премиер Никола Груевски..

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во синоќашната емисијата „24 Отворено“, најави дека Никола Груевски повеќе нема да биде почесен претседател на опозициската партија, бидејќи се укинува тој статус.

Покрај таа функција, се укинуваат и уште неколку други места во партијата.

Мицкоски не сакаше експлицитно да открие дали тоа се прави за партијата да се огради од политиките на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е прогласен за почесен претседател во моментов, но истовремено е пребеган азилант во Будимпешта избегнувајќи ја двегодишната казна затвор за случајот „Тенк“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top