Нимиц: Пакетот предлози не навлегува во идентитетот

Посредникот во спорот за разликите за името Метју Нимиц во интервју за телевизијата Сител објаснувајнувајќи го неговиот оптимизам за решение на проблемот во следните шест месеци вели декацелата ситуација сега е променета..

“Атина излегува од економска криза, поуверени се и пробуваат да играат поголема улога во регионот. Во Скопје имаме нова Влада која се чини дека е посветена на решавање на проблемот” вели Нимиц.

Тој не сакаше коментира што содржи пакетот кој им го дал на претставниците на Македонија и на Грција, но вели дека со него идентитетот е безбеден.

“Мојот личен став е дека не навлегува во индентитетот, туку напротив го зацврстува и зајакнува идентитетот на државата и на народот. Од мојата комуникација со луѓето во вашата земја, сметам дека имаат многу силен идентитет, кој го поседувате многу години. Независни сте 25 години, но имавте идентитет и кога бевте дел од Југославија, имавте идентитет кога бевте дел од Кралството Србија и од Отоманската империја” вели Нимиц.

Посредникот вели и дека предлозите ги напишал на четири страници и ги дал на надлежните. Треба време за да размислат, потребни се 3-4 дена, потоа за разговор,вели Нимиц кој остава можност да ги посети двете земји во наредните десет дена.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top