Нов скандал во Apple! Сега може да ве преслушуваат преку FaceTime

Експерите низ светот, успеале да откријат дека има грешка во апликацијата iPhone, FaceTime.

Според нив, кога некој ќе започне повик преку FaceTime, може да го слушне другиот телефон и пред да биде прифатен разговорот.

Стануваз збор за еден доста сериозен проблем во време кога сите се борат за заштита на приватните податоци. Освен телефоните, истото важи и за лаптоп уредите.

Овој проблем ги вознемири доста корисници на iPhone низ светот, што значи дека тоа може да влијае многу на популарноста на компанијата. Низ целиот интернет можевме да прочитаме како сите повикуваат да го блокирате FaceTime од менито на Вашиот уред.

На потег е компанијата Apple, која треба во најбрз можен рок да го среди овој проблем.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top