Нова црковна давачка: Слика од венчавка во црква 1.500 денари, а пред црква 500 денари

Дали нова црковна давачка ќе ги удира по џеб идните сопружници?.

Оваа вест се прошири низ медиумите кои пишуваат дека се воведува нов арч.

Имено, мкд.мк пишува дека пред неколку месеци по црквите во Повардарската епархија фотографите се обврзани да платат некоја нова давачка за сликање и снимање.

Се пишува дека одлуката која ја донел владиката Агатангел веќе се спроведува во Велес.

Според нив доколку младенците сакаат фотографија во црковен комплекс ќе треба да си платат- 500 денари за фотографија пред црква, и 1500 денари внатре во црквите.

Дел од фото студијата најавуваат на бојкот а дел од нив посочиле и дека имале неуспешна средба со владиката кој им рекол дека дури ќе распише тендер за да одлучи кој ќе може да фотогафира, а кој нe.

Бриф


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top