Од Божиќниот концерт уплатени финансиски средства за семејството Доневи во САД

Младинскиот Совет на општина Струмица од традиционалниот Новогодишен-Божиќен концерт кој го одржа на 4-ти јануари, заедно со СОУ „Јане Сандански“, насловен како „Божиќна Евровизија“, уплати дел од собраните средства за струмичкото семејство Доневи.

Во несреќата загина 41-годишната струмичанка Виле Донева, нејзиниот сопруг е со тешки повреди и се бори за живот, а во несреќата настрадаа и нивните три деца 13-годишниот син и 3-годишните близначки, кои за среќа се надвор од животна опасност.

На донациската сметка што ја покренаа „нашинците“ во Америка за помош на семејството Доневи, Младинскиот Совет уплати 385 долари.

Како што дознава Радио СтрумицаНет, од двата концерти на „Божиќната Евровизија“ собрани се вкупно 106.000 денари. Дел од средствата младите ќе ги уплатат на име на други наши сограѓани на кои им е потребна помош за лекување, за што од „младински“ дополнително ќе информираат.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top