Оле доста самоуверен со последната изјава за Погба

Стратегот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер во моментот го подготвува тимот за новата сезона. Како што е познато „црвените ѓаволи“ се на турнеја во Австралија, а постојана тема е иднината на Пол Погба Ромелул Лукаку..

Но Норвежанецот судејќи по последнте изјави, е доста самоуверен и убеден во тоа дека Французинот ќе остане на „Олд Трафорд“.

“Погба е фантастичен фудбалер и човек. Голем професионалец. Кога бев тренер во Молде секогаш говорев ако Погба е твој играч треба тимот да градиш околу него. Тоа го мислам и сега. Знаеме дека често е мета на критика, но има луѓе кои го сакаат.Во овој момент точно знам што Погба мисли и не ме налути тоа што го кажа. Јас можам да му дадам нов предизвик во Јунајтед. Многупати реков дека Погба не е никаков проблем. Ако направиме да игра како што тоа го правеше кога јас пристигнав, ќе ги освои сите фанови на Јунајтед“,изјави Солскјер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top